Модус Вивенди Инженеринг е македонска компанија основана во 2001 година од страна на арх.Александар Кочевски кој ги поставува начелата и постулатите според кои овој колектив продолжува да се развива во наредните 20 години.
Водејќи се од премисата „Проектирам простори во кои и самиот би се чувствувал пријатно“ тимот на Модус Вивенди денес продолжува да го следи предизвикот да создава архитектура која е човекомерна, простори кои се пријатни и градби кои со својот квалитет ќе истраат пред тестот на времето.
Модус Вивенди располага со тим од инженери кои го предводат студиото за проектирање како и сопствен тим од изведувачи кои ги имплементираат проектантските замисли на терен. Оваа комбинација се покажала како достоен партнер во реализирање на визијата на нашите клиенти кои заедно со нас се дел од успешната приказна која брои над 15 изведени резиденцијални објекти со преку 200 домови предадени во рацете на нашите задоволни клиенти.
Идејни и Основни проекти со вклучени соработници од сите инженерски фази
Пресметки и планови за реализација на Изведба (новоградби, доградби и реконструкции)
Градежна оператива со сопствена механизација